сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Катар ќе добие две панди од Кина пред СП во фудбал

Катар ќе добие две панди од Кина пред СП во фудбал

Кина најави дека на Катар ќе му подари две џиновски панди по повод Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во оваа средноисточна земја од 20 ноември до 18 декември.

Пандите по име Сухаил и Сораја ќе пристигнат во Катар во октомври, непосредно пред почетокот на турнирот. Сухаил е арапското име на една од најсветлите ѕвезди што може да се видат во Персискиот Залив, а Сораја е назив за соѕвездието Плејади.

– Ова е подарок од 1,4 милијарди на Кинезите по повод Светското првенство во Катар и сигурно ќе стане нов симбол на кинеско-катарското пријателство, изјави кинескиот амбасадор во Доха, Жоу Џијан.

Кина, најнаселената земја на планетава, не се пласираше на Светското првенство, но кинески компании учествуваа во изградбата на објектите за ова натпреварување.