сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ќе ве воодушеви : Далај Лама објави нова песна

Ќе ве воодушеви : Далај Лама објави нова песна

Тибетскиот духовен водач Далај Лама објави нова песна наречена „Една од моите омилени молитви“ (One of My Favorite Prayers), којашто е втора објавена песна од неговиот се уште необјавен прв духовен албум си мантри и вежби.

– Целта на мојот живот е да им служам на луѓето колку што можам, а музиката и мелодијата можат да им помогнат на луѓето во тоа што јас не можам лично, изјави духовниот водач.

Албумот „Внатрешен свет“ (Inner World) ќе биде објавен на 6 јули, на роденденот на Далај Лама. Издавач е продуцентската куќа „Хитко ентертејнмент / Кандро мјузик“, а проектот е замислен од продуцентката Џунел Кунин, инаку ученичка на Далај Лама. Идејата за снимање на албумот е нејзина и е од 2015 година.

Песната, односно молитвата, е изрецитирана на англиски јазик.