четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Маестро Димитар Митровски со нова композиција и видео запис

Маестро Димитар Митровски со нова композиција и видео запис

Маестро Димитар Митровски со нова композиција и видео запис. Втора композиција од неговиот 3 албум што следува наскоро.

„Инспириран од брзината на нашето секојдневие каде сите некаде брзаме , преку музичкиот стил етно-самба-џез направив композиција за хармоника и за истата снимивме диманичен видео запис“, вели тој.

Тој упатува голема благодарност до Даниел Јовески и „Sustain Production“ за виртуозниот видео запис, како и благодарност до неговите колеги Марко Дениќ, Гоце Илиоски, Горан Гешовски, Иван Петровски за нивната виртуозност.

Димитар упати благодарност и до аудио продуцентот Ангел Ќосев „Thebasementstudios“ за овај светски звук,„Dance Studio“ „Expose“, Бобан Катароски, како и Ана Марскоска, „Gold Felicia“ за отстапениот простор каде што се снимаше видео записот и сите негови другари и пријатели што беа дел од овој проект.