понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ќе ви се заледи крвта: Гигантска ајкула плива покрај кајакар (ВИДЕО)

Ќе ви се заледи крвта: Гигантска ајкула плива покрај кајакар (ВИДЕО)

Недалеку од крајбрежјето Порткурн во Корнвил, Англија забележана е гигантска ајкула.

Ајкулата ја забележал Рајчел Хоскен кој моментот го фатил на камера. Една од фотографиите прикажува и кајакар, на одалеченост од само неколку метри од ајкулата, несвесен за опасноста.

Станува збор за гигантска ајкула, најголемата риба која плива во британските води, но е безопасна за луѓето. Најчесто се појавува во пролет и лето.

Освен таа, забележана е уште една ајкула во близина.

Големото морско куче се храни со планктони и ја филтрира водата, а бидејќи има проширена уста изгледа застрашувачки.

Долго време се работеше за комерцијално важна риба, бидејќи беше извор за човечка храна, сточна храна и добивање масло. Прекумерниот улов доведе до намалување на популацијата, па сега е потребна нивна заштита.