сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кога пристигнала нарачката – Шок! Поради тоа што го направиле на пицата веднаш добиле отказ

Кога пристигнала нарачката – Шок! Поради тоа што го направиле на пицата веднаш добиле отказ

Џејсон Ласка и неговата сопруга Мисти добиле непријатно изненадување кога ја отвориле кутијата од пицата која ја нарачале од локална пицерија во Охајо, САД. Џејсон пицата ја купил на пат кон дома ама не очекувал што ќе види кога ќе ја отвори.

Наместо стандардна пица, тие добиле пеперони пица на која саламите биле во форма на кукаст крст. Фотографијата ја споделила Мисти на својот Твитер профил и го изразила своето незадоволство по што двајцата работници, кои имале помалку од 18 години, веднаш добиле отказ.

-Разочарана сум, ова е навистина тажно и вознемирувачко. Не е ни малку смешно и вакво нешто не треба да се прави за време на работното време, напишала Мисти.

Од пицеријата пак велат дека работниците само се пошегувале и дека едниот од нив го натерал другиот да ја направат оваа невкусна шега. Тие планирале да се пошегуваат со третиот колега за кого била и пицата не била планирана да се продаде.

Коментарите се поделени, некои мислат дека отказот е токму заслужен а некои сметаат дека казната е претерана поради годините на работниците.