четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Коза изеде 20.000 евра во Србија: Оваа вест е за во две рубрики- занимливости и црна хроника

Коза изеде 20.000 евра во Србија: Оваа вест е за во две рубрики- занимливости и црна хроника

Следната вест без проблем би можела да најде во рубриката “верувале или не“.

Имено, како што пишува српскиот портал „arandjelovacinfo.rs“ во домаќинството на семејството Симиќ, во селото Раниловиќ во општината Аранѓеловац, козата Белка изела 20.000 евра, кои семејството ги спремало за купување на 10 хектари земја

Семејството Симиќ се одлучило да го прошири својот имот и за тоа подготвило поголема сума од 20.000 евра, за да може да купи 10 хектари земја. Но тоа утро се тргнало на лошо.

-Станавме утрината, ги избројавме парите, бидејќи требаше да дојде човекот од кој ја купуваме земјата за да потпишеме договор и потоа да го исплатиме, парите стоеја на масата во дневната соба, а ние отидовме да појадуваме.  Таткото на мојот маж, како и секое утро излезе да ја нахрани стоката, но не забележал дека не ја затворил влезната врата и тука настана нашата несреќа. Козата Белка која ја имаме веќе неколку години влегла низ отворената врата во дневната соба и почнала да ги јаде парите од масата, изјавила низ солзи расплаканата Милена.

Додала дека кога слушнале шушкање и бука нејзиниот маж станал од масата и само што не доживеал инфаркт.

Белка ги изела сите пари, останале само околу 300 евра, а останатото било изедено.

„Маж ми од тој ден ништо не збори, само седи, молчи и гледа во една точка. Белка нас не зави во црно“ – изјавила за „arandjelovacinfo” Милена.