четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Куче изгубeно на најпрометниот аеродром во светот, прoнајдено по три седмици

Куче изгубeно на најпрометниот аеродром во светот, прoнајдено по три седмици

Патничка на „Делта ерлајнс“ во август го загубила своето шестгодишно куче Маја на аеродромот „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, САД, којшто се смета за најпрометниот во светот. За среќа, миленичето е пронајдено.

„Уморна, но очигледно во добра здравствена состојба, таа беше однесена на ветеринар и се очекува наскоро да се врати дома“, соопштија надлежните.

Миленичето на Пола Родригез било згрижено од вработените на аеродромот кои ѝ го одзеле по нејзиното задржување поради проблеми со туристичката виза. Пола од Доминиканската Република и нејзината придружничка се упатиле на двонеделен одмор во Калифорнија. Но, кога пристигнале во Атланта каде што требало да се префрлат во другиот авион, жената дознала дека нејзината туристичка виза не ги исполнува условите… При нејзиното задржување, кучето побегнало. Во САД повеќе од 24 часа без виза, Родригез немала друг избор, туку да се качи на лет за Пунта Кана без Маја, а како што сведочи, доживеала напади на паника на летот.

– Сите кои ме познаваат, знаат колку таа ми значи, изјави Родригез за своето милениче. – Не одам никаде без неа. Таа е толку добро воспитана што ја носам и во ресторани – буквално секаде. Таа е мој придружник во сè.

И покрај нејзините бројни повици до „Делта“, минале недели без нови информации. Откако ѝ била укината туристичката виза, Родригез ја испратила својата мајка во Атланта за да му помогне на персоналот во пребарувањето. Нејзините стравови беа смирени во саботата, кога аеродромот во Атланта објави дека Маја е пронајдена, и тоа три седмици по исчезнувањето.

Оперативниот тим на аеродромот ја пронајде Маја како се крие близу складиштето за товар.