понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кучето е најдобра „таблета за смирување”

Кучето е најдобра „таблета за смирување”

Само пет минути галење на домашно милениче ќе не релаксира, ќе го намали нивото на стрес и ќе го подобри нашето расположението – велат истражувачите, кои дошле до заклучок дека галењето на милениче го намалува нивото на стрес кај луѓето.

И животните, исто така, стануваат позадоволни и лојални, бидејќи галењето го зголемува лачењето на окситоцинот, „хормонот на галење”.  Не мора нужно да имаме сопствени миленичиња за милување, да милуваме можеме и туѓи животни – ефектот ќе биде ист, велат научници.