петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Лажел дека ќе оди на пат, за да се ожени со друга- првата му упаднала на свадбата со се децата (ХИТ ВИДЕО)

Лажел дека ќе оди на пат, за да се ожени со друга- првата му упаднала на свадбата со се децата (ХИТ ВИДЕО)

Видеото од општиот хаос кој избувнал една свадба во Замбија стана вистински хит на социјалните мрежи.

Имено, според локалните медиуми, мажот и рекол на сопругата дека мора да замине надвор од градот поради службеното патување, а всушност тој отишол во црква да се ожени со друга жена.

Сепак, она на што Абрахам Мујунда, татко на три деца, не сметаше е дека неговата сопруга ќе се појави на свадбата во црквата и ќе ја прекине церемонијата.

– Оваа свадба не смее да продолжи, овој човек тука е мојот сопруг – рече таа додека одеше кон младоженецот и невестата.

Не е познато понатаму што се случило со нивниот брак, но може да бидеме сигурни дека не му се пишува добро на младоженецот.