петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Мајка направи хорор маникир на бебе: Вештачките нокти на детските прсти кренаа бура на социјалните мрежи

Мајка направи хорор маникир на бебе: Вештачките нокти на детските прсти кренаа бура на социјалните мрежи

Една мајка се најде на удар на критики откако го покажа маникирот на своето бебе со неверојатно опасни, зашилени нокти долги сантиметри.

Жената објави фотографии од своите „вештини“ на ноктите на девојчето на Фејсбук. Таа исто така ги понуди своите услуги на други мајки. На фотографиите се гледа како бебето има вештачки нокти на секој од нејзините ситни прсти во три различни стила на маникир.

Мајката направила нокти за бебето во „стилето“ форма, како и во форма на квадрат и овален раб, а стилето се смета за особено опасно за мало бебе поради многу зашилените врвови.

– Можам да направам маникир и за вашите бебиња. Испрати ми информација. Поволни цени – напиша таа во соопштението.

Нејзината бизарна реклама оттогаш е споделена на Redit, каде што предизвика бес кај родителите кои брзо укажаа на потенцијалниот ризик.

– Природните нокти на бебето се доволно остри како што се, не можам да замислам да ја „почестам“ ќерка ми со канџи – беше еден од коментарите.

– Треба редовно да ги сечете ноктите на вашето бебе, ова е премногу глупаво – додаде друг.

„Каде оди овој свет?“, Се прашуваше еден корисник.

Сепак, неколку други корисници на Redit сугерираат дека сликата е можеби направена во Фотошоп.