сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РОДЕН СО САМО 900 ГРАМА: По 66 дена животна битка на ГАК, малото момче си замина дома

РОДЕН СО САМО 900 ГРАМА: По 66 дена животна битка на ГАК, малото момче си замина дома

Малите бебиња се големи победници, објавија од Клиниката за гинекологија и акушерство откако мало момче кое било родено со само 900 грама по 66 дневна битка си замина дома.

-Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок. Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2080 грама по 66 дневна битка. Ордени животни за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал. Принцу мал и тебе ти посакуваме силно здравје, весели детски дни и остварени животни сни.
ОИНТ вие сте чудо…вие правите да веруваме во чуда, а овие бебиња тоа го потврдуваат, стои во објавата на ГАК.

Најнови вести