вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мајката изреагирала паметно: Мечок го прекинал семејниот излет и јадел храна од масата

Мајката изреагирала паметно: Мечок го прекинал семејниот излет и јадел храна од масата

Необична и малку бизарна ситуација се случила во парк во Мексико, а чиста среќа било избегнувањето трагичен исход. Имено, во видео кое кружи на социјалните мрежи, снимено е семејство кое уживало на пикник.

Меѓутоа, набрзо им се придружил црн мечок кој ја помирисал храната и „одлучил“ да се придружи на ручекот. За среќа, не ги нападнал, најмногу поради паметната одлука на мајката да не се движи и да не прави врева. Таа само со рака се обидела да го заштити својот син.

Мечокот зел од храната, ги помирисал луѓето, а потоа го напуштил местото каде што се наоѓале.

Ова видео досега собрало повеќе од 15 милиони прегледи на социјалните мрежи.