понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мајката пред нервен слом: Од нејзината картичка детето потрошило 8.500 евра за една играчка

Мајката пред нервен слом: Од нејзината картичка детето потрошило 8.500 евра за една играчка

Едно седумгодишно дете од Сиднеј со кредитната картичка на неговата мајка, купило минијатурна играчка од сајтот „eBay” за 8.500 евра.

-Огромната количина на пари детето ги потрошило на ретката играчката „Golden Billy Banana” од колекцијата „Coles Stikeez”, пишува „Мирор“.

Детето, инаку кое има поблага форма на аутизам, голем обожавател е на оваа ретка колекција и претходно барало дозвола од мајката да го купи реткиот предмет.

Меѓутоа, кога таа го одбила, на интернет со помош на компјутерот пронашол еден колекционерски примерок и го купил со помош на веќе снимените податоци од кредитната картичка на неговата мајка.

Дона тврди дека од „eBay” во прв момент и порачале оти инцидентот се води како “пријателска измама“ и дека најверојатно нема да и ги вратат парите.

Во повеќе наврати ја контактирала својата банка, eBay и PayPal во очајнички обид да ги врати парите.

На крајот „eBay” сепак се согласил да и ги врати парите на несреќната мајка.