понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Малиот Марко остана без мајката, таткото, братот и сестрата во сообраќајна незгода: Денес во својот дом слави и дочекува гости

Марко е одмерено момче, со тивок но одлучен глас , со скриена срамна насмевка. Суровата судбина Марко ја задржува во себе, не говори за тоа, неговите дела предизвикуваат воодушевување и вредни се за почитување.
Малиот Марко остана без мајката, таткото, братот и сестрата во сообраќајна незгода: Денес во својот дом слави и дочекува гости

Три години поминаа откако Марко Вучиниќ, 15 годишно момче од селото Вуча во Косово, во еден момент остана без своето семејство, 46 годишниот татко Гојко, 40 годишната мајка Драгица, сестрата 13 годишната Маја и братот, 6 годишниот Андрија.

Топлината на родителскиот дом, грижа и воспитување Марко сега добива од неговите старатели Милан Николиќ, прв братучед на Марко, со сопругата Соња и 4 годишниот син Никола.

За Марко неговите старатели имаат само пофални зборови, добар, послушен, вреден. Како што Марко сам кажува ништо не му недостасува, ден му е главно исполнет со училишни обврски, наоѓа време да помогне и во куќата, а посебно ужива во улогата на чичко затоа што како што тој вели со Никола никогаш не е досадно.

Како и сите негови врсници, ужива во дружењето, гледањето филмови, игрите. Се одлучил за медицинското училиште во Косовска Митровица, затоа што како што вели е добро училиште. Се радува на своите другари, со кои убаво се дружи, Плановите му се сериозни, сака да заврши средно училиште и да запише факултет за информатика.

Марко е одмерено момче, со тивок но одлучен глас , со скриена срамна насмевка. Суровата судбина Марко ја задржува во себе, не говори за тоа, неговите дела предизвикуваат воодушевување и вредни се за почитување.

Родниот дом, семејната куќа, нивата и земјата Марко три години со помош на своите старатели ја одржува и планира во неа да го продолжи животот и кога ќе порасне. Како во секој православен дом и Марко за Света Петка во својот дом пали свеќа и дочекува гости, така е и за Божиќ и Велигден.

Најрадосниот празник, Божиќ, Марко и оваа години како што традицијата наложува го помина во својот дом, а наредниот ден ги дочекуваше и даруваше минувачите.

-За Бадник бев во својата куќа со роднините, на Божиќ бев прв кој ја посети куќата на чичко ми, а Никола беше прв кој ја посети мојата, вели Марко, која на споменувањето на својот четиригодишен внук се насмевнува и на прашањето дали Никола знаел што треба да направи додава „има четири години, тој знае се“.

Чичкото Марко својот внук го дарувал со омилениот кекс.

Српските новинари со Марко разговарале во неговото училиште. Меѓу другарите е омилен „убаво се согласуваме и дружиме“ вели тој. Неговите професори исто така го фала, дека е дисциплиниран и вреден. Има и другари со кои заедно патува од Сочаник за Косовска Митровица.

Марко храбро чекори низ животот, се труди на секое поле, на ништо не се жали, ништо не му недостасува, со својата скромност и благосостојба ова дете предизвикува воодушевување и почитување кај соговорникот.