вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Младите го играа првиот танц на плажа: А потоа влета таа и уништи се (ВИДЕО)

Младите го играа првиот танц на плажа: А потоа влета таа и уништи се (ВИДЕО)

Деми и Лук Бишоп имаа преубава венчавка на плажа, која сигурно секој би ја посакал.

Тие се венчаа на островот на богатството на Флорида. Откако ги дадоа заветите, почнаа да танцуваат на песната „Inside Your Heaven“.

Меѓутоа, додека тие танцувале гостите почнаа да се смеат. Романтиката ја прекина женка златен ретривер со име Хејзел, која баш во тој момент направи голема нужда.

Наместо да се олесни далеку од луѓето, таа одлучи тоа да го направи блиску до заљубените младенци, па необичната ситуација беше забележана од камерата.

-Сите почнаа да се смеат, но никој ништо не кажа. Веднаш знаев дека е во прашање Хејзел. Беше многу забавно и воопшто не го сметам моментот за уништен. Фотографиите кои настанаа поради тоа се одлични, раскажа 22 годишната невеста.