недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Младоженецот не се појавил на свадбата, а со ВАКВА реакција невестата покажа дека е ЦАРИЦА (ВИДЕО)

Младоженецот не се појавил на свадбата, а со ВАКВА реакција невестата покажа дека е ЦАРИЦА (ВИДЕО)

Британката Кајли Стид (27) била оставенаа од вереникот на денот на нејзината венчавка. Младата невеста била известена од таткото на младоженецот дека тој нема да се појави.

Таа наместо да ја откаже венчавката, продолжила со прославата во хотелот и покрај тоа што не и било лесно.

Наместо само да замине или да одржи драматичен говор, Кајли сепак одлучила да ја прослави венчавката, а идејата и ја дал снимател кој и препорачал максимално да ужива во денот, на крајот на краиштата платила речиси 13.000 евра за тоа, а парите нема да и бидат вратени.

Кајли рекла дека била сама и плачела десет минути, а потоа решила да влезе во салата.

„Гостите ме гледаа, владееше тишина, никој не знаеше што да прави. Повеќето од неговите гости дотогаш веќе беа заминати, но на крајот сите се опуштија и се забавуваа“, рекла невестата.

На нејзиниот голем ден, таа ја започна забавата пеејќи ја песната „Good as Hell“ со нејзините гости, го тргна горниот дел од нејзината свадбена торта и го заигра својот прв танц со нејзините куми, нејзините браќа, Крег, Метју, Гери и таткото Брајан.