среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

На денот на свадбата, открила дека нејзината идна снаа ѝ е ќерка: Ја препознала случајно по еден детаљ

На денот на свадбата, открила дека нејзината идна снаа ѝ е ќерка: Ја препознала случајно по еден детаљ

Жена останала во шок кога на свадбата на нејзиниот син открила дека невестата всушност е нејзината одамна изгубена ќерка. На венчавка во Кина, свекрвата забележала лузна на раката на невестата, многу слична на онаа која ја имала нејзината ќерка. Кога го здогледала младежот таа решила да им пријде на родителите на невестата и да ги праша дали нивната ќерка е посвоена пред дваесет години. Семејството било збунето од прашањето бидејќи тоа било тајна.

Но како што пренесуваат кинеските медиуми, родителите признале дека бебето го пронашле на патот пред многу години.

Тука сепак, приказната не завршува. Невестата која заплакала од среќа кога дознала ека е посвоена и дека дури сега ја запознава својата биолошка мајка. Сепак се омажила за постариот „брат“ бидејќи нејзината свекрва признала дека и тој е посвоен.

Жената посвоила бебе откако изгубила секаква надеж дека ќе ја пронајде ќерка си која со години ја барала. Во целата приказна, единствено не е јасно како оваа жена ја „изгубила“ ќерката но секако оваа приказна, која има и доза на бизарност, сепак е со среќен крај.