петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Најголемата американска воена база буквално стана град: Вреди 11 милијарди долари (ФОТО+ВИДЕО)

На ова место постојат многу ресторани каде се продава американска храна. Воената база има и училиште, голф терени, па дури и ветеринар.
Најголемата американска воена база буквално стана град: Вреди 11 милијарди долари (ФОТО+ВИДЕО)

Американската воена база се наоѓа баш на границата меѓу Јужна и Северна Кореја. Кампот Хaмфрис повеќе потсетува на помал американски град, но сепак претставува најголема воена база на оваа земја надвор од територијата на САД.

Кампот се наоѓа во Пјонгтаег во Јужна кореја и од главниот град Сеул е 64 километри оддалечен. Од границата со Северна Кореја е оддалечен 97 километри. Вредноста на оваа воена база е неверојатни 11 милијарди долари.

Кампот поседува и трговски центар кои се состои од 60 различни продавници. На ова место постојат многу ресторани каде се продава американска храна. Воената база има и училиште, голф терени, па дури и ветеринар.

Овде животот главно се одвива нормално, но не смее да се заборави дека ова е место каде војниците напорно тренираат. Војниците цело време се на воени вежби, преку кои се припремаат за борба.

Во оваа база живеат околу 25.000 луѓе, но тој број може да се зголеми до 42.000 до 2020 година.

Историјата на овој камп датира од уште од почетокот на 20-от век, кога Јапонија го направи аеродромот Пјеонгтаег. После корејската војна аеродромот е преименуван и тука е сместена американската војска.

1962 година базата го доби име камп Хамфрис во чест на пилотот и главниот офицер Бенџамин Хамфрис кој загина во хеликоптерска несреќа.

Во на 2005 година, американската војска најави затварање на камповите Игл и Лонг. Тие се затворени во 2010 година, за да се пружи апсолутна поддршка на кампот Хамфрис.

Погледнете го видеото: