четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Научниците откриваат како изгледа првиот час од животот на едно новороденче: Веќе во втората минута ги отвораат очињата

Научниците откриваат како изгледа првиот час од животот на едно новороденче: Веќе во втората минута ги отвораат очињата

Шведските научници набљудувале 28 бебиња по раѓањето за да видат низ какви промени поминуваат на самиот почеток од својот живот.

Истражувањето е објавено во научно списание, а покажало дека новороденчињата се однесуваат инстинктивно, кога се препуштени на првите слободни движења на телото и првиот контакт со мајката.

Ова се некои од промените кои им се случуваат на бебињата во првите минути од нивниот живот.

2 минута: Бебето се смирува, одмара – по можност на градите на мајката.

2.5. минути: Бебињата за прв пат ги отвораат очите и постепено почнуваат да ја движат главата и усните.

8 минута: Бебињата стануваат поактивни – долго ги држат очите отворени. Гледаат во очите и градите на мајка си, со плачење покажуваат дека се гладни и со тупаници покажуваат кон усните.

18 минута: Детето повторно мирува по овие движења.

36 минута: Бебињата почнуваат да го користат сетилото за мирис, се уште се интересираат градите за мајката.

62 минута: Време е за првото доење! Бебињата пијат колострум – првото мајчино млеко, кое содржи бројни хранливи материи и молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Ова рано цицање го стимулира производството на млеко и ѝ помага на матката што побрзо да се врати во претходната состојба.

70 минута: Бебињата заспиваат и добиваат заслужен одмор.

Треба да се напомене дека ова истражување е спроведено на мал примерок на деца во Шведска.

Во оваа земја бебињата имаат можност да се одморат на градите на својата мајка и да уживаат во нејзиното прво млеко, што не е привилегија за новороденчињата во целиот свет. Сепак, овие резултати се сметаат за сигурен показател за инстинктивното однесување на најмладите.