петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Науката докажа: Постарите деца се попаметни

Науката докажа: Постарите деца се попаметни

Доколку сте првородено дете и секогаш сте имале чувство дека сте поинтелигентни од помладите браќа или сестри, последното истражување покажа дека сте во право.

Најновото истражување покажува дека првородените деца имаат „ментална предност“ во однос на помладите брат или сестра, а причината за тоа е бидејќи имале поголема стимулација од родителите.

Во спроведената студија се вклучени 5.000 деца на возраст до 14 години, од кои се барало да решаваат тестови со читање на секои две години. Резултатите покажале дека најстарите деца имаат највисоки резултати на IQ тестовите уште од нивната најрана возраст.

Истражувањето е објавено во списанието „Journal of Human Resources“. Истражувачите тврдат дека нивното истражување укажува на постоење на „ефекти на редоследот на раѓање“ поради што првите деца имаат подобри плати, подобра работа и подобра едукација.

-Нашите истражувања укажуваат на тоа дека промената во однесувањето на родителите е причина поради која редоследот на раѓање на децата влијае на квалитетот на работата и образованието, вели докторката Ана Нуево-Чикуеро.

Претходно спроведени истражувања покажувале дека првородените деца се поуспешни во животот.

Доколку сте второродено дете, не е се загубено за вас. Друго истражување покажува дека постарите деца често имаат проблем со кратковидост, а пак друга студија покажала дека помладите деца се позабавни и поопуштени.