вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Не исфрлајте јаглехидрати од диетата: Еве зошто треба да јадете тестенини и леб

Не исфрлајте јаглехидрати од диетата: Еве зошто треба да јадете тестенини и леб

Познатата американска нутриционистка Ријана Ламберт за британски „Сан“ открива дека исфрлувањето на јаглехидратите од исхраната е многу погрешно.

Ако сакате да изгубите килограми, веројатно сте се обиделе да се држите до одредена група намирници, па во потполност да ги исфрлите јаглехидратите кои се сметаат за најголеми виновници за дебелеењето. Но, дали тоа е така?

Експертот за исхрана, авторка на книги и Инстраграм ѕвезда, Ријана Ламберт има добри вести за сите љубители на јаглехидратите.

-Овие диети забрануваат внесување на леб, тестенини и компир, заменувајќи ги намирниците со богат протеин, како месо, јајца и храна богата со масти. Всушност поради тоа и настана распростанетата заблуда дека сите јаглехидрати ве прават подебели. Ставот дека јаглехидратите треба да се намалат во исхраната е едноставно погрешене, вели таа.

Причината е во тоа што одредени јаглехидратите се од витално значење за нашата исхрана зашто обезбедуваат најголем извор на енергија.

Многу јаглехидрати се разбиваат и се претвораат во глукоза, која телото ја користи како енергија за нашите мускули додека вежбаме, како и за работата на мозокот.

Исто така, тие можат да се претворат во масти, складирајќи енергија, која телото подоцна може да ја користи.