вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Јадете ги омилените јаглехидрати без страв од дебелеење: Експертите открија паметен начин како да ги конзумираме

Јадете ги омилените јаглехидрати без страв од дебелеење: Експертите открија паметен начин како да ги конзумираме

Дали сте слаби на јаглехидрати, не можете да издржите кога ќе ги видите на маса?

Ако посегнете по нив, ќе бидете загрижени за тоа како ќе ја достигнете целната тежина и како ќе изгубите килограми. Има решение за тоа.

Се зависи од тоа како ги сервирате и како ги јадете, пренесува The Sun.

Знаеме дека тестенините или помфритот имаат најдобар вкус кога се топли, но следниот пат размислете да ги јадете кога ќе се изладат.

Зошто? Бидејќи ладните јаглехидрати имаат помал гликемиски индекс.

– Храната со понизок гликемиски индекс може да ви помогне да изгубите тежина затоа што прави да се чувствувате сити подолго време. Тие исто така можат да го запрат наглото зголемување и пад на нивото на шеќер во крвта што доведува до глад – вели тренерот Ник Мичел.

Планирате утре да носите јаглехидрати на работа за ручек? Подгответе ги претходната вечер и следниот ден јадете ги ладни, не грејте ги повторно. Идеален избор е салата од ориз со многу зеленчук, ладна салата од компир со прелив и многу билки.

Некои јаглехидрати, како гравот и компирот, исто така се отпорни на варење и делуваат како влакна, нудејќи многу здравствени придобивки.

Јаглехидратите често се критикувани и отфрлени како „лоши“, но навистина не треба така да размислуваме, бидејќи тие се клучни за нашето здравје.