вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Немате видено нешто побизарно: Жена со ланец шетала маж, а сите биле изненадени од натписот кој го носел (ВИДЕО)

Немате видено нешто побизарно: Жена со ланец шетала маж, а сите биле изненадени од натписот кој го носел (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави бизарна снимка на која се гледа како жена шета маж со ланец околку вратот низ прометната железничка станица во Лондон.

Мажот бил облечен во црна облека, се движел со рацете и нозете и носел знак на кој пишувало ” на условна за госпоѓицата Фокс”.

Оваа сцена беше снимена минатата недела на станица во Лондон, а снимката и фотографијата се прошириле на социјалните мрежи.

Чиј татко е овој?”, запраша еден корисник на Твитер.

На станицата настана голема гужва, а патниците и вработените не можеле да поверуваат што гледаат. Цело време, жената, госпоѓицата Фокс стоела мирно и го држела ланецот кој бил околу вратотот на мажот.

“Бевме свесни за ситуацијата и реагиравме. Меѓутоа, не беше направено никакво кривично дело и поради тоа немаше апсење или предупредување. Разговаравме со нив, а тие брзо ја напушија станицата”, рекле од полицијата.

Личноста која на Твитер се претставува како госпоѓица Фокс ја сподели снимката од станицата:

“Сакам јавно понижување. Вработените во железничката и јавноста се фасцинирани, ме испратија од станица како да сум филмска ѕвезда. Свештеникот имаше голем кец на лицето. Полицијата ми рече дека ова досега не го видела, а јас им реков да се навикнат на тоа”.