среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ни трошка од новогодишна магија: Песната која сите ја пееме овие денови крие МРАЧНА приказна (ВИДЕО)

Ни трошка од новогодишна магија: Песната која сите ја пееме овие денови крие МРАЧНА приказна (ВИДЕО)

„Jingle Bells“ е една од најпопуларните божиќни песни, но малкумина знаат дека оваа песна воопшто не зборува за Божиќ, а e далеку и од весела семејна песна.

Таа била оригинално создадена во 1850-тите години за американскиот Ден на благодарноста, а настанала во една крчма во Медфорд, недалеку од Бостон, пишува “CBC”. Во Медфорд во тоа време се одржувале трки на санки кои биле влечени од коњи, а дивеењето токму на тие трки било инспирација за “Jingle Bells”, објаснила Кајна Хамил, професорка од универзитетот во Бостон и потпретседателка на тамошното историско друштво.

Таа раскажала и детали од животот на Џејмс Лорд Пиерпонт, автор на песната.

„Тој всушност бил кретен. Постојано го оставал своето семејство. Кога тргнал на запад во потрага по злато, Џејмс оставил на својот татко да се грижи за неговата сопруга и деца. Кога сопругата во меѓувреме починала, тој ги напуштил децата и набрзо повторно се оженил. Наводно, Пиерпонт не се ни појавил на погребот на својата сопруга”, раскажала Хамил.

-Песната за која повеќето луѓе мислат дека е убава божиќна песна всушност е песна за опивање, тврди таа.

„Ако размислите дека производството на алкохол во Медфорд била една од најпрофитабилните индустрии и повторно размислите на текстот на песната, знаејќи дека се пеела на лудите трки во тоа доба, ќе ви стане јасно дека всушност станува збор за песна на која луѓето се опивале. Некои делови од текстот всушност звучат како опис на нешто што се случувало додека луѓето биле пијани”, вели Кајна.

Освен познатите делови, постои уште една строфа која зборува за возење на кочија која нема среќен крај и воопшто не е божиќна.