Трикатниот вијадукт на делницата од автопатот на планината Тианлонг, висок 1.370 метри, стана главна атракција во Кина.
Мостот на северозападот од Кина стана главна точка за собирање зошто многу жители тргнаа кон планината за да го видат спектакуларниот проект и да ги споделат своите фотографии на социјалните мрежи.
Кружниот мост има вкупна должина од 30 километри и се протега на споменатата планина. Од воздух мостот може да се види како џиновски змеј кој небди над планината.
Вијадуктот го носат столбови направени од на 7.000 тони челик, и наскоро треба да биде завршен и пуштен во употреба.
Ова е само уште еден импозантен проект во низа кој е изграден во Кина во последните години, кога се мостовите во прашање.