вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Откритие кое ја менува историјата: Пронајдена подморница со која Хитлер сакал да избега во Јужна Америка

Откритие кое ја менува историјата: Пронајдена подморница со која Хитлер сакал да избега во Јужна Америка

Во близина на данскиот брег наводно е пронајдена подморница со која Хитлер избегал во Јужна Америка.

Како што се дознава, станува збор за подморницата У-3523 која припаѓа на класата ХХI, а станува збор за една од првите подморници дизајнирани за продолжен престој под вода, па нејзиниот домет овозможувал непрекината пловидба до Јужна Америка.

Подморницата ја потопил британскиот бомбардер Б-24 на 6 мај 1945 година, оној ден кога сојузниците ја ослободија Данска од нацистичката окупација, а загинаа сите 58 членови на екипажот.

Меѓутоа, целото потопување од тогаш е обвиено со велот на тајната поради неможноста да се пронајде подморницата се развила теорија дека Хитлер ја искористил за бегство во Јужна Америка.

У-3523 е пронајдена недалеку од најсеверниот дански град, 15 километри подалеку од местото кое е означено од британскиот бомбардер.