сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Оваа златокоса убавица ги остава сите без зборови: Поради нејзината уникатност постојано добива понуди за брак

Оваа златокоса убавица ги остава сите без зборови: Поради нејзината уникатност постојано добива понуди за брак

Жената која ја нарекуваат „жива Златокоса“ има веројатно најдолга коса на светот и вели дека постојано добива понуди за брак од мажи од цел свет.

Косата на Алена Кравченко е долга 1,8 метри и таа ја „пушта“ веќе 30 години, а тврди дека вистинската убавина на жената е токму во должината на косата. Таа минатата година отворила своја инстаграм-страница, на која секојдневно објавува фотографии од својата бујна, раскошна коса, а засега ја следат повеќе од 13.000 луѓе.

Оваа Украинка истакнува дека на Инстаграм постојано ѝ пристигнуваат предлози за брак, а многу мажи ја прашуваат и дали можат само да ѝ ја помирисаат косата.

-Мајка ми секогаш ми зборуваше дека плетенката ја краси жената, а нејзините зборови живеат во моето срце и во душата во текот на целиот живот. За мене вистинската убавина е во приватноста, поради што косата ми е толку долга. Таа е манифестација на мојот внатрешен свет, дел од мене и од мојата душа, објаснува убавата 34-годишна Алена.