Мајмун капучин по име Рути ѝ покажа на калифорниската полиција што всушност значи изреката „мајмунска работа“ кога случајно протиснал на бројот 911, јавува Си-ен-ен.
Канцеларијата на шерифот на округот Сан Луис Обиспо примила повик што ненадејно бил прекинат. Диспечерите не добиле одговор кога се обиделе да го вратат повикот, па испратиле полицајци да испитаат.
Кога полицајците пристигнале во Зоолошката градина Zoo to You, каде што бил упатен повикот, дознале дека никој од вработените не се јавил.
„Тогаш сите сфатиле… тоа мора да е мајмунот по име Рут“, се наведува во објавата на Фејсбук.
Од персоналот објасниле дека Рут најверојатно го зел мобилниот телефон во зоолошката градина од количката за голф.
„Ни беше кажано дека мајмуните капучини се многу љубопитни и ќе зграпчат сè и сешто и само ќе почнат да притискаат копчиња“, вели еден од полицајците.
„Ова нека послужи како поука за сите дека мајмуните не се животни за да се чуваат како домашни миленици“, заклучија од зоолошката градина.