четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Помоќен и од чекан: Разбојници на мотоцикл нападнале „Bugatti“ среде Лондон – еве како завршил инцидентот (ВИДЕО)

Помоќен и од чекан: Разбојници на мотоцикл нападнале „Bugatti“ среде Лондон – еве како завршил инцидентот (ВИДЕО)

Скапоцените хиперавтомобили секогаш привлекуваат внимание, особен во урбаните средини.

Поголем дел од минувачите ќе посегнат по својот мобилен телефон за да ги снимаат тие настани…

Инцидент среде бел ден

Еден сопственик на „Bugatti Chiron“ автомобил бил нападнат среде ден, во прометен дел од британската престолнина.

Немилиот настан го забележале случајните минувачи, а гледаме како двајца престапници на мотоцикл кружат околу автомобилот.

Еден од нив го зема чеканот и моќно удира по прозорецот од автомобилот, веројатно со намера да пријде до кабината, да го земе паричникот или пак некои скапоцени работи кои ги носи возачот.

За среќа стаклото на италијанскиот спортски автомобил го издржал ударот, а штом се вклучило зелено светло на семафорот, возачот притиснал на гасот.

Мотоциклистите се обиделе да го стигнат „Bugatti“ автомобилот, но машината од 1.479 коњски сили била пребрза, пренесува „Carscoops“.

Едно од видеата ја прикажува штетата на автомобилот, а медиумите објавиле дека ваквите напади не се реткост во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Supercar Fails (@supercar.fails)