сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пораката за сопругот случајно ја пратила кај дадилката: Поради она што го напишала, ќе заврши на суд (ФОТО)

Пораката за сопругот случајно ја пратила кај дадилката: Поради она што го напишала, ќе заврши на суд (ФОТО)

Жизел Морис одлучила да тужи семејство од Менхетен, откако добила расистичка порака од жена која ја барала за дадилка на своето бебе.

Линси Пласко- Флексмен интервјуирала лица за работното место дадилка, која би требала да се грижи за нејзината новородена ќерка.

Тогаш на разговор дошла Шизел Морис и Линси во тој момент тргнала да пишува порака на својот сопруг Џоел.

-Нееееее уште една црна личност, напишала таа во пораката која и ја пратила.

Проблемот е што расистичката порака ја пратила на дадилката која ја интервјуирала и тоа не една туку два пати. Кога ја воочила грешката, одлучила да ја отпушти Морис под изговор дека и е непријатно.

Морис одлучила да покрене тужба против нив и бара оштета затоа што наводно и била ветена плата од 350 долари по ден во тек на шест месеци.

Џоел се обидел да ја објасни дека неговата жена не е расистка.

-Таа не е расист. Ние не сме расисти. Би го дале ли вие своето дете во раце на оној кон кого сте биле непристојни, иако тоа беше грешка? Своето новородено дете? Дајте ве молам, кажал Џоел.

Морис кажала дека никогаш не би му наштетила на детето.