Пробајте ги овие маски за појака коса.
За вашата коса да биде здрава, потребно е редовно да ја одржувате и потстрижувате.
Само правилно негуваната коса ќе изгледа убаво, додека косата која често се третира со пегла ќе биде испукана и сува.
Доколку не сте сигурни за квалитетот на вашата коса, лесно можете да го проверите со едноставен трик.
Земете го врвот на еден прамен и потопете го во чаша вода. Ако влакната плутаат, косата е во добра состојба. Ако косата потоне во длабочината на чашата, таа е слаба и кршлива и неотпорна на надворешни влијанија.
Причината поради која косата тоне во вода е тоа што водата продира низ надворешниот слој на влакната, што предизвикува косата да се витка, да го изгуби сјајот или под влијание на водата бојата побрзо избледува.
Како да се подобри квалитетот на косата?
За среќа, природата нуди голем број решенија за безживотна коса, а едно од најдобрите е медот. Втријте околу половина чаша мед измешан со две лажички маслиново масло во чиста, влажна коса. Оставете го да делува 20 минути и потоа измијте со топла вода. Во оваа смеса можете да додадете и жолчки или масло од авокадо, што исто така ќе ви помогне.
Против опаѓање
Ќе ви требаат 4 лажици масло од јојоба, 3 капки масло од рузмарин, 3 капки масло од нане.
Натопете ја косата со топла вода, нанесете ја смесата со масло и оставете ја на главата половина час.
Маска од мед за сите типови коса
Измешајте 1/2 чаша мед и 4 лажици маслиново масло. Истурете ја смесата во пластично шише со капаче. Пред секоја употреба, малку протресете го шишето, а потоа рамномерно нанесете ја смесата и втријте ја во косата. Ставете пластична капа за туширање и оставете ја да делува до еден час. Потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.
Хранлив инстант регенератор од банана
Излупете 2 до 3 зрели банани и добро изгмечете ги. Нанесете на косата и масирајте. По 15 минути добро исплакнете ја косата.