сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Потрошиле милиони за да ја направат оваа зграда: На свеченото отворање сфатиле дека нешто изгледа многу безобразно (ВИДЕО)

Потрошиле милиони за да ја направат оваа зграда: На свеченото отворање сфатиле дека нешто изгледа многу безобразно (ВИДЕО)

Гуангсу Њу Медиа Центарот бил отворен минатиот петок на југоистокот на Кина.

Отворањето на зградата е зачинето со огномет кој бил поставен на врвот поради отворањето на фестивалот на жетвата, кој во главно го прославуваат жителите на Кина и Виетнам.

Сепак, тоа поради што ова здание дошло во центарот на интересирањето на јавноста е неговиот облик. Имено, според многумина целиот овој комплекс на згради личи на огромен пенис со тестиси.

Кога ги прашале за изгледот, архитектите на проектот рекле дека се базирале на пејзажите на покраините Гуангсу и Јунан.

За изградба на ова здание биле потребни две години.

На отворањето присуствувале голем број на гости, а имало и богата содржинска програма која била крунисана со огномет.

Меѓутоа, токму огнометот додал масло на огнот бидејќи злобните јазици дури тогаш добиле крила да го коментираат изгледот на зградата.

Имено, сите забележале дека испалувањето на разни облици на огномет од врвот на зградата, повеќе личело на нешто друго.