Руската компанија „Татпроф“, производител на алуминиум, започнала кампања во која вработените припаднички на понежниот пол можат да заработат 1,34 евра повеќе на редовната плата за секој ден во кој на работното место ќе дојдат во кратко здолниште или мини фустан.
За да заработат дополнителни пари, жените мора да задоволат два услова.
Здолништето или фустанот не смеат да бидат подолги од пет сантиметри над колената и мора да пратат фотографија како доказ дека во фирмата стигнале така облечени. Тоа мора да го прават до 30 јуни за да го осигураат бонусот.
Оваа стратегија на руската компанија ги згрозила жените кои на друштвените мрежи ја нарекле сексистичка, а фирмата непрофесионална.
Портпаролот на компанијата „Татпроф“ изјавил дека кампањата не е сексистичка и дека веќе 60 жени се вклучиле во неа.
-Сакаме да им ги разубавиме деновите на своите вработени. Нашиот тим се состои од 70 % мажи. Вакви работи ни помагаат да се опуштиме. Тоа е одличен начин да го обединиме тимот, навел тој.