Иан Клифорд, 50-годишен ИТ вработен во технолошкиот гигант IBM ја тужел компанијата затоа што не му ја зголемила годишната плата од 62.000 евра во периодот од 15 години колку што бил на боледување.
Клифорд тврделдека бил жртва на дискриминација поради инвалидитет бидејќи неговата плата не била покачена во 15-те години кога бил без работа. Тој смета дека „не е алчно да се сака зголемување на платата“.
ИТ експертот добивал повеќе од 62.000 евра годишно според здравствениот план на IBM и гарантирано ќе зема плата до 65-годишна возраст.
Сепак, Клифорд тврдел дека тоа „не е доволно дарежливо“, бидејќи неговата плата ќе „овене“ со текот на времето поради инфлацијата. 50-годишникот зел боледување поради ментално здравје во 2008 година, а во 2012 година му била дијагностицирана леукемија во четврта фаза.
Сепак, минатата година тој ја тужел компанијата за дискриминација на инвалидитет бидејќи IBM не му ја зголемила платата од 2013 година.
Но, трибуналот за вработување во Ридинг, Беркшир, го отфрли неговото барање, при што судијата му кажал на Клифорд дека му била дадена „многу значајна придобивка“ и „поволен третман“.
Зборувајќи за првпат по пресудата, Клифорд рече дека сака да се погрижи неговиот син да биде згрижен и дека шансата тој да живее до 65 години е „малку веројатна“.