понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пред да заминете на одмор ставете паричка во фрижидерот: Дознајте како и за што ќе ви помогне тоа

Пред да заминете на одмор ставете паричка во фрижидерот: Дознајте како и за што ќе ви помогне тоа

Ако планирате заминување на одмор и оставате храна во вашиот фрижидер, овој едноставен трик може да ви биде од корист.

Имено, со помош на една паричка ќе знаете колку е безбедно да ја консумирате храната која ви останала во фрижидерот по одморот. Понекогаш, додека сме отсутни, во домот може да снема електрична енергија, а ние не знаеме. Меѓутоа, прекинот на електрична енергија може да предизвика одмрзнување на храната и нејзино расипување.

За да откриете дали намирниците цело време биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе се заледи, врз неа ставете една паричка. Доколку по враќањето од одмор ја најдете паричката на дното од чашата, тоа значи дека прекинот на електрична енергија бил доволно долг за сета вода да се одмрзне. Во тој случај, најдобро би било да ја фрлите храната бидејќи и таа се одмрзнала како и водата.

Доколку паричката останала на врвот, тоа значи дека немало прекин во електричната енергија. Ако паричката ја најдете во средина на чашата, храната веројатно и понатаму е безбедна за консумирање бидејќи прекинот не траел долго.