четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Предлог од српските медиуми до Србите: Еве каде да направите пауза во Македонија на патот до летување во Грција

Предлог од српските медиуми до Србите: Еве каде да направите пауза во Македонија на патот до летување во Грција

Летото е тука, а одморите се во тек. Додека некои ја искористија претсезоната за да уживаат во сончевите предели, за многумина ова задоволство допрва доаѓа. Како и секоја година, најпопуларна дестинација меѓу српските туристи е Грција.

Српските медиуми на граѓаните им предлагаат неколку места во Македонија каде може да направат пауза на патот до морето и да се одморат.

Еве кои се нивните предлози:

Дојран

Кога е летна сезона, гужвите се неизбежни. Нема правила или сигурен начин да се избегне гужвата, но некои општи совети се да се избегнува патување за време на викендите и во пресрет на празниците. Сè поголем број Срби го користат граничниот премин Дојран и во исто време ручаат или прават пауза во текот на ноќта таму.

Местото се наоѓа на брегот на Дојранското Езеро, едно од трите големи езера во Македонија. А туристите велат дека тука се јаде најдобрата риба на трска. Популарен е во текот на летната сезона, па ќе најдете многу активности за деца, големо шеталиште покрај брегот, многу ресторани и кафулиња. Дојран може да биде многу пријатна станица на вашиот пат кон Грција.

Скопје

Главниот град на Македонија за многумина е задолжителна станица на патот до морето. Се наоѓа на реката Вардар во самиот центар на Балканскиот Полуостров. Населението на градот се состои од половина милион граѓани од различни националности. Околу 30% проценти од вкупното население на Македонија живее во Скопје. Центарот на градот е мал, па можете да ја искористите приликата целосно да го посетите, а она што секако ќе ве воодушеви е македонското гостопримство.

Велес

Градот се наоѓа на двете страни на реката Вардар. Тоа е одлична попатна станица до морето, а езерото Младост е вистинскиот избор за одмор. Посетете ја и градската црква Св. Пантелејмон, под заштита на УНЕСКО, а фреските и иконите се дело на познати македонски зографи од Мијачијата, Папрадиште и Велес.

Охрид

Едно од најстарите, најголемите и најдлабоките езера во светот, нуди исклучително богата историја, култура и феноменално гастрономско искуство. Можеби не е точно попатна станица на патот до и од морето, но секако вреди мало заобиколување.

Опкружено со високите планини на Националниот парк Галичица, Охридското Езеро се наоѓа на 695 метри надморска височина. Имајќи ја предвид големината на Охридското Езеро, може да се пофали со еден од најголемите биодиверзитети во светот, а е дом на повеќе од 350 ендемични видови кои ги нема никаде на друго место, поради што е еден вид природен музеј.

Една од најважните знаменитости на Охрид секако е манастирскиот комплекс Свети Наум, како поради самиот манастир, така и поради изворот на реката Црн Дрим, кој се наоѓа во непосредна близина. Кристално чистата вода на реката Црн Дрим, која извира токму на ова место, а потоа се влева во езерото, создава прекрасен воден пат кој се протега сè до Струга.

Демир Капија

Демир Капија е град во Повардарието, директно на влезот на Вардар во Демиркаписката Клисура. Името на градот датира од турско време и значи железна порта. Овој град е идеален за љубителите на виното, бидејќи е познат по своите винарии и музеи.