„Tripadvisor“ неодамна ги прогласи најдобрите ресторани во светот. Победник е ресторанот „Бугенвил“ кој се наоѓа во Амстердам. Овој ресторан, каде храната како и услугата е очигледно на завидно ниво, има повеќе од 260 оценети критики со „пет ѕвезди“ на Tripadvisor, што е навистина многу.
Веднаш потоа, на листата се најде ресторан во токискиот кварт Нишијазаб по име „Исе Суејоши“. Третото место годинава го зазеде ресторан од Велика Британија, кој минатата година беше на првото место, поточно „Old Stamp House“.
Број еден во САД е „Le Bernardin“ лоциран во Њујорк, кој го зазеде 23-то место на светската листа, додека ниту еден ресторан од австралискиот континент не влезе во топ 25.
Ова е деталната листа на најдобри ресторани:
Ресторан “Bougainville”, Холандија
“Ise Sueyoshi”, Јапонија
“The Old Stamp House Restaurant”, Велика Британија
“Maison Medard”, Франција
“Ristorante Villa Crespi”, Италија
“Avartana”, Индија
“Akira Back”, Тајланд
“Paul Ainsworth at No. 6”, Велика Британија
“PIC”, Франција
“Sachi Heliopolis”, Египет
Патем, кога Tripadvisor го избира најдобриот ресторан во светот, се оценуваат различни фактори, вклучувајќи ги коментарите и оценките на корисниците, квалитетот на храната, услугата, амбиентот, цените и друго. Овие фактори се земени предвид за да се одреди целокупниот рејтинг и рангирање на светските ресторани на Tripadvisor.
Најдобриот ресторан во светот обично има високи оценки од сите овие аспекти и позитивни критики од многу корисници. Важно е да се напомене дека овие рангирања може често да се менуваат бидејќи се засноваат на постојани оценки и прегледи на корисници.