сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се затвора ресторанот на Рене Реџепи

Се затвора ресторанот на Рене Реџепи

Светски познатиот ресторан во Копенхаген, Нома, најави дека ќе ги затвори вратите за посетителите кон крајот на 2024 година.

Уште од отворањето пред 20 години, Нома привлекува поестители од целиот свет и е на првото место на сите главни листи за најдобри ресторани во светот.

Основачот на Нома, Рене Реџепи, важи за еден од највлијателните готвачи во светот. И покрај успехот, Реџепи за New York Times изјави дека барањата за водење врвен ресторан на највисоко можно ниво се неодржливи.

Одлуката за затворање на Нома доаѓа кога ресторанот се соочува сo контрола околу третманот на работнициte, од кои многумина се недоволно платени или воопшто не се платени.

Планот на Реџепи е ресторанот целосно да го затвори за гости до крајот на 2024, и потоа да го пренамени во „лабораторија за храна“ која ќе работи на развивање нови јадења и производи за Noma Projects.

Затворањето на Нома веројатно ќе има значително влијание врз кулинарскиот свет. Многу готвачи ја проучуваа работата на Реџепи во Нома и продолжија да го шират неговиот стил во други земји.

Сепак, поранешни вработени изјавија дека 16-часовното работно време одамна е рутина во Нома, дури и за неплатените работници.

Програмата за стажирање во Нома служеше како пазар на трудот, а практикантите извршуваа голем дел од работата. До неодамна програмата не нудеше плата, а практикантите зборуваа за токсична работна средина, како и за тоа дека им било забрането да разговараат или да се шегуваат.

Најнови вести