сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изгоре ресторан во близина на АМСМ

Изгоре ресторан во близина на АМСМ
илустрација

Пожар рано утринава избувнал во ресторан во близина на Авто мото сојузот на Македонија.

Повредени лица нема, но е причинета материјална штета.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект при што опожарени се внатрешноста на објектот и кровната конструкција.