Разводот на брачната двојка Чен од Пекинг го привлече вниманието на јавноста откако судот го прифати барањето на дамата сопругот да плати за сè што стори додека тие живееја заедно!
Според судските записи, Чен по 5 години брак поднесе барање за развод од сопругата кон крајот на минатата година.
Таа првично го одбила барањето за развод, но подоцна се согласила и побарала обештетување. Таа изјавила дека Чен не сторил ништо во куќата, како и дека не се грижел за нивниот син и дека сите домашни работи и одгледувањето на детето „паднале“ на нејзин грб.
Како што заврши случајот, Окружниот суд во Пекинг донесе одлука Чен да плати повеќе од 250 евра еднократно издржување на детето во наредниот период и дополнителна пресуда за плаќање на над 6.000 евра (50.000 јуани) на неговата поранешна сопруга за водење домаќинство.
Пресудата е донесена според новиот граѓански закон, кој стапи на сила оваа година, и според кој брачниот другар има право да бара надомест на штета за време на развод, доколку има поголема одговорност во воспитувањето деца, грижата за постарите членови на семејството и работењето во домаќинството.
Иако многумина ја поздравуваат оваа одлука, се критикува и малиот износ на компензација.