четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Редок примерок од Уставот на САД продаден за над 40 милиони долари

Редок примерок од Уставот на САД продаден за над 40 милиони долари

Многу редок оригинален примерок на Американскиот устав, потпишан на 17 декември 1787 година во Филаделфија, е продаден на наддавање во аукциската куќа „Сотби’с“ во Њујорк. Достигна рекордна сума од 43 милиони долари, пренесува БТА.

Ова е светски рекорд за историски документ ставен на аукција.

Група обожаватели на криптовалути исто така се обиделе да ја добијат копијата, но успеаја да понудат само 40 милиони долари, па се откажале од обидот.