Дури 13 шлепера во вторникот рано наутро го блокираа автопатот 696 во околината на Детроит се со цел како би го спасиле животот на еден маж кој сакал да се фрли од надвозникот.
Веднаш по информирањето на полицијата таа го затворила надвозникот и сопрела повеќе камиони се со цел да ги подредат под надвозникот.
Фотографијата која ја објави полицијата на Твитер предизвика големо внимание.
This photo does show the work troopers and local officers do to serve the public. But also in that photo is a man struggling with the decision to take his own life. Please remember help is available through the National Suicide Prevention Lifeline at 1-800-273-8255. pic.twitter.com/RBAlCIXT1o
— MSP Metro Detroit (@mspmetrodet) April 24, 2018
-Не е необично во вакви ситуации да бараме помош од возачите на камиони, додека во некои ситуации ни било доволен само еден шлепер, сега ни беа потребни повеќе шлепери и три часа убедување на мажот да се предомисли од намерата да се фрли од мостот.
Од полицијата велат дека повикот го добиле во еден часот наутро, а во такви ситуации тие ги затвораат сите улици и го пренасочуваат сообраќајот, а камионите им овозможуваат на луѓето кои сакаат да скокнат тоа да го направат „безболно“ од висина не повеќе од четири метра.