Во кафулето „Хен-на“ во Токио, од неделава, задолжен за правење и послужување кафе, е робот „Соер“. Угостителскиот објект се наоѓа во елитен трговски дел од јапонската престолнина.
Принципот е следен: роботот ги скенира нарачките од автоматот, ги пречекува гостите, го меле и приготвува кафето и го служи фалејќи се дека тоа е повкусно од кое било друго кафе, направено од луѓе.
Цената на филџан кафе е 320 јени, односно 2,4 евра.
Во туристичката агенција ХИС Цо, којашто го поседува кафулето, сметаат дека роботот ја зголемува продуктивноста на објектот, но и претставува атракција и забава за гостите.