четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Саудиските принцови го распродаваат имотот поради рестрикции

Саудиските принцови го распродаваат имотот поради рестрикции

Членовите од владејачката династија на Саудиска Арабија наголемо ги продаваат своите луксузни имоти и средства во САД и Европа, објави „Волстрит журнал“.

Недвижен имот, јахти и уметнички дела – вкупниот износ веќе надминува 600 милиони долари. Кралското семејство го направи чекорот откако принцот и де факто – владетел, Мохамед бин Салман (36) ги прекина повеќето канали за финансирање.

Извори блиски до семејството велат дека и самите тие настојуваат да го намалат нивниот имот за да не го привлекуваат вниманието на престолонаследникот, кој има привилегиран пристап до јавните фондови откако неговиот татко го презеде престолот во 2015 година.

– Овие луѓе се без работа. Имаат огромна група соработници и се плашат од принцот Мохамед, рекол неименуваниот извор.

Во 1970-тите и 80-тите, високите принцови остварија огромни заработки од „нафтениот бум“, па познато е дека големи суми се трошат на луксуз, коишто некогаш достигнуваат и до 30 милиони долари месечно.