петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поранешен репрезентативец на Англија ќе игра во Саудиска Арабија

Поранешен репрезентативец на Англија ќе игра во Саудиска Арабија

Екипата на Ал Етифак, предводена од клупата од легендарниот Стивен Џерард, во јануари би можела да добие уште едно големо засилување. Поранешниот репрезентативец на Англија, Џеси Лингард би требало да стане нов играч на оваа екипа.

Во моментов Англичанецот нема клуб, а Џерард со поддршка од Хендерсон и Вајналдум прави се за да го донесе во клубот.

Како што пренесуваат странските медиуми, конечната одлука треба да биде донесена во наредните денови.Ако се биде како што се надеваат сите, Лингард би потпишал преддоговор.