среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хуманитарна помош од Саудиска Арабија за Палестинците во Појасот Газа

Хуманитарна помош од Саудиска Арабија за Палестинците во Појасот Газа

Саудиска Арабија денеска соопшти дека почнува кампања за собирање средства за Палестинците во Појасот Газа, каде Израел врши масовна воена операција по нападите на Хамас на 7 октомври.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, донираше 20 милиони саудиски ријали (околу 5,3 милиони долари) за кампањата, јавија државните медиуми.

-Кампањата доаѓа во рамките на добро познатата историска улога на Кралството за поддршка на братскиот палестински народ, изјави директорот на Центарот за хуманитарна помош Абдула ал Рабиа.

Помошта доаѓа речиси еден месец откако милитантите на Хамас убија 1.400 луѓе и киднапираа повеќе од 230, според израелските власти, во најсмртоносниот напад во историјата на земјата.  (МИА)