вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„СЕГА ЈАС СУМ НЕВЕСТАТА БЕГАЛКА“ – како изгледа кога на сопствената свадба друг ќе ти го украде шоуто, младоженецот особено се препоти (ВИДЕО)

„СЕГА ЈАС СУМ НЕВЕСТАТА БЕГАЛКА“ – како изгледа кога на сопствената свадба друг ќе ти го украде шоуто, младоженецот особено се препоти (ВИДЕО)

Многу парови венчавката, фотографот и сите работи поврзани со церемонијата ги закажуваат месеци однапред, но сепак се случува тој ден, по некое непишано правило, да не оди сè според планот.

Младенците, по правило, најмногу се радуваат на свадбените фотографии што остануваат како доказ за крунисувањето на нивната љубовна приказна и кои тие со своите наследници ќе можат да ги гледаат години подоцна. Иако фотографите специјално се однапред испланирани и резервирани за тој ден, сепак може да се случи нешто да излезе од протоколот.

Најдобар пример за тоа е едно весело куче што се појави во видео на Инстаграм и кое според многумина „го украло шоуто“. Се верува дека кучињата исто како и нивните сопственици ја чувствуваат сета еуфорија околу организацијата на најсреќниот ден, па така и ова куче било палаво.

Невестата во прекрасна бела венчаница со долг вел од тул и младоженецот во елегантен костум позираат пред фотографот. За да се види долгиот превез на невестата што се влече по земјата, една жена го подига превезот и го раширува. Фотографот е подготвен да ги направи првите свадбени фотографии на среќната двојка, но во истиот момент дотрчува возбуденото куче кое поминува под превезот и го носи со себе. Невестата изненадена од упадот на кучето не може да изусти ни збор. Најбргу успеал да се снајде фотографот кој го фотографирал палавото куче како бега со превезот.

За видеото насловено како: „Сега јас сум невестата“, оваа весело куче доби низа пофалби.

– Ова куче го украде шоуто.

– Штета што ова му попречи на фотографот, тие фотографии ќе беа најдобри.

– Можеби ова во моментот ги вознемири младенците, но години подоцна ќе се сеќаваат на ова со смеа.

– Кучето сакаше да биде во центарот на вниманието.

– Мислам дека ова е некаков знак.

– Ова куче всушност е невестата бегалка.

– Мислам дека кучето ѝ припаѓа на невестата и е љубоморно.

-Ми потекоа солзи од смеење, но сепак тоа е главен лик на свадбата.