Дваесет и осум годишна девојка која работи во циркус сериозно се повреди по пад од 11 метри при изведување на акробатска точка.
Преплашените деца кои го следеле перформансот во еден град во Австралија мислеле дека тоа е дел од акробатската точка, а потоа сфатиле дека станува збор за сериозна повреда на девојката откако на сцената се појавиле доктори од брза помош.
Девојката по име Габи Соуза итно е пренесена во болница со тешки повреди, а четири дена по несреќата таа е во добра здравствена состојба, но и понатаму има сериозни повреди.
Циркусот Рио во својот пост на Фејсбук напиша дека девојката веќе се смее во болницата.
Circus performer seriously injured after 11m fall at Glenelg show in South ??#Australia pic.twitter.com/qfY1Hk31b1
— RT (@RT_com) July 20, 2019