Србинот Бојан Матиќ од Ваљево купил автомобил „Јагуар“ од лимитирана серија кој го посакувал уште како дете, а за да дојде до него го продал својот стан во центарот на градот, јавуваат српските медиуми.
Матиќ го чува автомобилот во затворен простор од 35 квадратни метри кој го грее и има тепих. Тој сега живее во викендичка од 17 квадрати.
– Мојот автомобил е посебен во сe и не е на продажба. На сите би им препорачал да ги следат своите соништа, изјавил тој за српската телевизија Прва.
Матиќ автомобилот го купил пред околу една година, а за да ги види реакциите на заинтересираните, во еден момент, го огласил на продажба за 121.000 евра. Неговиот „Јагуар“ е произведен во ограничена серија од само 121 примерок.