Кралицата не отстапува од едно правило во облекувањето, а кое се однесува на женскиот дел од членовите на кралството. Имено, во јавноста сите мора да носат провидни хулахопки
Кралицата Елизабета и прогледа низ прсти на идната сопруга на нејзиниот внук, принцот Хари, која не се придржува баш до сите правила на кралското семејство. Сепак постои и едно правило кое Меган Маркл ќе мора да го почитува.
Модниот стил на женскиот дел од кралското семејство мора да биде елегантен и ненападен, бидејќи на жените им е забрането во јавност да се појавуваат со црвен кармин и црвен лак на ноктите.
-Припадничките на кралското семејство никогаш нема да ги видите без провидни хулахопки. Тоа е сигурно едно правило кое кралицата бара постојано да се почитува, вели Викторија Арбитре експерт за кралските прашања.
Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон ова правило го почитува и провидните хулахопки секогаш ги носи особено ако е облечена во здолниште или фустан.